(Документ) Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат!
НАТО го одбила пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за безбедносен сертификат во 2019 година, покажува дописот кој беше испратен до А1он. Според овој документ, Службата на НАТО за безбедност покажала дека тој не ги исполнува стандардите за да добие безбедносен сертификат.
„НАТО канцеларијата за безбедност иако барањето за ветинг е повлечено, сепак ја комплетираше ветинг истрагaта и врз основа на заедничката проценка на двете тела погоре споменатата личност не ги исполнува стандардите на НАТО за да поседува НАТО безбедносен сертификат“, стои во дописот.

И покрај посочувањето дека А1он го има дописот, Ковачки вели дека било лага дека го повлекол барањето, со став дека се работело за конструкција на актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска и нејзината претходничка, Радмила Шекеринска преку свои канали во Брисел, а со цел негово дискредитирање.
Извор: а1 Он
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото го пријавил насилникот кој ја претепа…
На 27.11.2026 во 14.10 часот во гостиварско…
Штитовите на Александар Македонски, монетите на Филип…
Македонија има рударска историја која не започнува…
Кос: Албанија би можела да стане членка…
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…
Претепана жена донесена синоќа на КАРИЛ, од…
Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа била…
(Видео) Македонија има огромно минерално богатство: Проф.…
Македонија има значителен минерален потенцијал, а современото…