Доларот во пад поради забавувањето на инфлацијата во САД
Вредноста на американскиот долар се намали денеска во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви.
Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД се намали на годишна стапка од 7,7 отсто во октомври.
Фунтата скокна за 1,9 отсто на 1,1574 долари, а еврото се зголеми за 0,8 отсто на 1,0092 долари.
Податоците беа објавени една недела откако американската централна банка го претстави четвртото по ред зголемување од 0,75 процентни поени, како што се очекуваше – шестото зголемување оваа година за да се зауздаат неконтролираните цени.
Сепак, ФЕД минатата недела предупреди дека стапките ќе бидат повисоки од претходно очекуваните во борбата против децениската висока инфлација. паг/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…