Домашниот есап на пазар не излегува ама Украина сака да влезе во ЕУ за две години

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се потпишаа на украинското знаме пред почетокот на самитот ЕУ-Украина во Киев.

Во петок во Киев ќе се одржи самитот ЕУ-Украина, а во главниот град на Украина почнаа да пристигнуваат највисоките претставници на Брисел.

Премиерот Денис Шмихал изјави дека Украина поставила, како што рече, „амбициозна цел“ за влез во ЕУ за две години.

Но, група земји-членки предупредија дека на Киев треба јасно да му се стави до знаење дека тоа нема да биде можно.

Минатиот јуни Украина го доби статусот на кандидат за членство во ЕУ со рекордна брзина, што, како што тогаш изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше единствен и историски момент.

Иако тоа е првиот чекор кон членството, процесот обично трае многу години, а некои земји во моментов се во мирување, вклучително и земјите од Западен Балкан, пишува „Би-би-си“.

Во пресрет на самитот, Зеленски рече дека тоа ќе биде недела на евроинтеграции, а Киев ги очекува одлуките на партнерите од ЕУ во согласност со напредокот постигнат и покрај големата војна со Русија.

Нацрт соопштението на ЕУ, што ќе биде објавено по самитот, го повторува ветувањето дека иднината на Украина е во ЕУ и ги признава „значајните напори“ направени во последните месеци за исполнување на целите за поддршка на нејзиниот кандидатски статус и спроведување на реформите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска го засилува притисокот врз Црна Гора…

Хрватска го засилува дипломатскиот притисок врз Црна…

Полска ќе го повика рускиот амбасадор по…

Рускиот амбасадор во Полска ќе биде повикан…

Герапетритис: Македонија веќе постигна значителен напредок во…

Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе…

Видео: Украински пилот со авионски топ собори…

Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…

Латвискиот премиер повикува ЕУ да ги затвори…

Латвискиот премиер Андрис Кулбергс ја повика Европската…