ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата и го поздравува прифаќањето на уставните измени
На денешната седница, Извршниот одбор на ДОМ дискутираше за актуелната политичка состојба во земјата.
ДОМ ја поздравува одржаната лидерска средба помеѓу премиерот и претседател на СДСМ, Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како основа за конструктивен дијалог и политичко обединување за продолжување на македонските евроинтеграциски процеси.
ДОМ го поздравува ставот на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени и ќе поддржи влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, откако во Собранието заеднички ќе се усвои потребата од измени на Уставот.
Истовремено, од сите политички чинители очекуваме сериозна посветеност за интензивно спроведување на реформите кои се значајни за евроинтеграцискиот процес, но пред сѐ, за подобрување на квалитетот на живот на македонските граѓани.
ДОМ изразува задоволство од започнатата реализација на барањата на ДОМ, со усвојувањето на Законот за задруги, со што се овозможува формирање енергетски задруги, со продолжувањето на собраниската дебата за законот за една изборна единица, како и активностите во Собранието за законско решение за ветинг, со цел ефикасна борба против корупцијата, истакнуваат во своето соопштение од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…