Дошница е победа на сплотениот народ, но, борбата не е завршена
Од првиот ден, активистите и претставниците на Левица беа рамо до рамо со граѓаните во борбата за зачувување на реката Дошница и недопрената природа на Кожуф планина. Нашиот пратеник, Саше Јанчев, беше редовен на блокадите и ја користеше собраниската говорница за да ја пренесе пораката на народот: природното богатство не смее да се претвора во приватна добивка на малкумина. Советниците на Левица во Гевгелија и Кавадарци беа најгласни во општинските совети, бескомпромисно застанувајќи во одбрана на ова богатство.
Повлекувањето на механизацијата од терен е јасен доказ дека само сплотениот народ, решен да се спротивстави на неправдата, може да го порази крупниот капитал и неговите политички слуги. Ова е победа на сите кои ја бранат природата од уништување, но, и силна порака дека народната волја е посилна од милионските интереси на инвеститорите.
Сепак, оваа битка не е завршена. Додека концесијата и дозволата за градба се сè уште на сила, заканата за Дошница и Кожуф останува. Поради тоа, Левица ќе продолжи да биде во првите редови на отпорот и на улица и во институциите, сè додека Владата не ја поништи оваа најавена еколошка катастрофа.
Животната средина е јавно добро што ни припаѓа на сите. Не смееме да дозволиме истата да стане уште една жртва на алчноста и корупцијата. Дошница ќе тече слободна, а Кожуф ќе остане див, зелен и непокорен бидејќи народот така одлучи!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дошница е победа на сплотениот народ, но,…
Од првиот ден, активистите и претставниците на…
Украински напад со дрон во Курск, има…
Една жена е убиена, а 10 други…
Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ…
На 14.08.2025 околу 22 часот на ул.…
Нов доказ дека Македонија образовно „тоне“ –…
Ниту еден македонски универзитет не се најде…
Академскиот пленум на Србија: Вучиќ поттикнува граѓански…
Академскиот пленум на Србија остро го осуди насилството врз…