Дошница е победа на сплотениот народ, но, борбата не е завршена
Од првиот ден, активистите и претставниците на Левица беа рамо до рамо со граѓаните во борбата за зачувување на реката Дошница и недопрената природа на Кожуф планина. Нашиот пратеник, Саше Јанчев, беше редовен на блокадите и ја користеше собраниската говорница за да ја пренесе пораката на народот: природното богатство не смее да се претвора во приватна добивка на малкумина. Советниците на Левица во Гевгелија и Кавадарци беа најгласни во општинските совети, бескомпромисно застанувајќи во одбрана на ова богатство.
Повлекувањето на механизацијата од терен е јасен доказ дека само сплотениот народ, решен да се спротивстави на неправдата, може да го порази крупниот капитал и неговите политички слуги. Ова е победа на сите кои ја бранат природата од уништување, но, и силна порака дека народната волја е посилна од милионските интереси на инвеститорите.
Сепак, оваа битка не е завршена. Додека концесијата и дозволата за градба се сè уште на сила, заканата за Дошница и Кожуф останува. Поради тоа, Левица ќе продолжи да биде во првите редови на отпорот и на улица и во институциите, сè додека Владата не ја поништи оваа најавена еколошка катастрофа.
Животната средина е јавно добро што ни припаѓа на сите. Не смееме да дозволиме истата да стане уште една жртва на алчноста и корупцијата. Дошница ќе тече слободна, а Кожуф ќе остане див, зелен и непокорен бидејќи народот така одлучи!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…