Дојава за бомба во домот на Арнолд Шварценегер
Сомнителен пакет на улица во луксузниот кварт Брентвуд, каде живее познатиот актер Арнолд Шварценегер, бил пријавен околу 10:30 часот на Денот на благодарноста во четвртокот.
Заканата за бомба првпат беше пријавена од TMZ, која ја окарактеризира како инцидент со „swatting“ (сторителите користеле лажни изговори за да предизвикаат итен полициски одговор против жртвата), објави Лос Анџелес Тајмс.
Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес не можеше да потврди дека полицајците одговориле на точната адреса на домот на Шварценегер на Денот на благодарноста, но потврди дека имало повик за сомнителен пакет околу 10:30 часот во четвртокот на истиот блок во Брентвуд каде што живее Шварценегер.
-Утврдено е дека нема докази за никаков експлозив, изјави полицаецот Кевин Терзес од полицискиот оддел во Лос Анџелес.
Филмската ѕвезда и поранешен гувернер долго време живее во Брентвуд и се најде на насловните страници минатата година кога си зеде за право да ги поправи дупките во соседството – акција која не е одобрена од градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ново намалување на цените на горивата од…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…
Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…
Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…
Мицкоски од Брисел: Македонија мора да има…
Проширувањето на Европската Унија треба да продолжи…
Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид…
Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за…
Митева со осуда кон насилството врз младата…
Фејсбук статус на Марија Митева, портпарол на…