ДОЈДОА ДА СЕ ЖУРКААТ, НО ЗАВРШИЈА НА ФРОНТОТ – Украинската воена полиција тресе ресторани, барови и концерти барајќи регрути

t

Украинската воена полиција задолжена за регрутирање намерно посетува места во главниот град Киев, каде што приведува мажи погодни за армијата кои немаат соодветни документи.

Дејли мејл наведува дека регрутерите насилно ги носат во украинската армија.

На видеото кое го објави британскиот таблоид, може да се види како двајца мажи буквално ги одвлекуваат кога во петокот вечерта го напуштиле концертот на украинската рок група Океан Елзи.

– Тргни се од мене! – се слуша како еден од учесниците на концертот вика додека тројца воени полицајци го влечат кон местото за регрутирање што е поставено пред салата.

Се наведува дека биле извршени низа рации во ресторани, дискотеки, барови и концертни сали.

Оние кои одбиваат да покажат документи кои потврдуваат дека се ослободени од воена служба или имаат фалсификувани документи, веднаш се приведуваат.

Во снимката се гледа како маж во паника се обидува да се оттргне од стисокот на полицаецот, додека неколку жени го снимаат сето тоа.

– Срамота! Срам да ти е! – викаат жените.

Според воената состојба во Украина, сите мажи на возраст меѓу 25 и 60 години можат да се приклучат на војската, а оние на возраст меѓу 18 и 60 години не можат да ја напуштат земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…