До 18.30 часот денеска се регистрирани вкупно 21 пожар!

t

Состојба со пожари на отворен простор – 23.07.2025 до 18:30 часот

Според добиените податоци, во земјава денес (до 18.30 часот) се евидентирани вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои:

6 се активни,

4 се под контрола,

11 се изгаснати.

АКТИВНИ ПОЖАРИ:

Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планините Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);

Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (шума);

Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума);

Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);

Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација);

Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума – прнар и сува трева).

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:

Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);

Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);

Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);

Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).

ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ:

Општина Битола – с. Ново Лагово (ниска вегетација);

Општина Демир Капија – кај тунелите на автопатот Е-75 (ниска вегетација);

Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума);

Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација);

Општина Новаци – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација);

Општина Куманово – нас. Средорек (ѓубре);

Општина Куманово – нас. Средорек (ѓубре);

Општина Куманово – нас. Карпош, ул. 154 (ниска вегетација);

Општина Куманово – ул. Никола Тесла (ниска вегетација);

Општина Охрид – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација);

Општина Охрид – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…