До 9 часот гласале 3 отсто од избирачите во Македонија
Дражвната изборна комисија одржа прва прес – конференција за Локалните избори 2025, на која соопшти дека до 9 часот гласале 3 проценти од избирачите во Македонија.
Заклучно со 9 часот и 15 минути, на 2672 избириачки места, гласале вкупно 41.890 гласачи,
Моментално, најголема излезеност има во: Богданци, 4,68 проценти; Вевчани, 5,2 проценти; Демир Капија 5,37 проценти; Дојран 5,6 проценти; Зелениково 5,62 проценти; Кратово 5,13; Лозово 6,36 проценти; Пробиштип 6,64 проценти; Ранковце 5,96; Старо Нагоричане 5,29 проценти; Македонски Брод 4,95 проценти; Могила 4,89 проценти; Новаци 5,07 проценти; Крушево; 4,89 проценти…
До овој момент најмала излезеност има во: Гостивар 1,71 проценти; Врапчиште 0,87 проценти; Студентичани 1,85 проценти….
Од ДИК известуваат дека сите избирачки места биле навремено отворени, а проблеми со електрична енергија и уредот за биометриска идентификација имало на две избирачки места во Куманово и Штип, таму гласањето продолжува со УВ ламба и УВ спреј.
За текот на гласењето и процентите од гласање ќе се известува на секои два часа, а последната прес – конференција ќе биде одржана кратко по 19 часот. Првите официјални резултати ќе бидат објавени кратко пред полноќ на завршна прес – конферција, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК: За изборот на градоначалник во општина…
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14.…
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…