ДПИ изрече 105 прекршочни платни налози од над 3,5 милиони денари

t

Сто и пет прекршочни платни налози со вкупна вредност од 3.571.265 денари и 122 решенија изрекол Државниот пазарен инспекторат во спроведени 709 инспекциски надзори на територијата на целата држава во периодот од 16 до 22 овој месец. Во тој период се извршени и 68 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување.

Од донесените 122 решенија, 103 се по Закон за финансиска дисциплина, седум по Закон за угостителска дејност, шест по Закон за трговија, три по Закон за заштита на потрошувачи, две по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и едно решение по Закон за Државен пазарен инспекторат.

Од издадените прекршочни платни налози 48 се по Законот за финансиска дисциплина, 21 се по Законот за угостителска дејност, 20 по Законот за заштита од пушењето, девет се по Закон за трговија, три по Законот за Државен пазарен инспекторат, по два по основ на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност, односно по Законот за заштита на потрошувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…

Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија

Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…

Нови случаи на семејно насилство во Македонија:…

Два случаи на семејно насилство биле пријавени…

Трамп: Војната во Иран практично е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…