ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ најавија дека НЕМА да го поддржат Законот за ограничување на патни трошоци!
ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ најавија дека НЕМА да го поддржат Законот за ограничување на патни трошоци на утрешната седница! – соопшти на Фејсбук пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.
– Според нивните банални изговори, законот бил поднесен без координација, иако не знам на каква координација алудираат, кога координации се на самата собраниска седница и комисиите, каде што се интервенира АМАНДМАНСКИ. Или можеби овие партии се навикнати за координации позади врата, како за кворумот за измените на Кривичниот законик?!
Па во низата изговори, овие три ненародни партии дополнуваат дека законот бил “тетрален” и популистички. Па, бујрумте колеги, имавте осум месеци да ПОДНЕСЕТЕ ВАШ ЗАКОН! Што нема да е, нели, театрален и популистички.
И најсмешното за крај, постоечкиот закон бил НАЈЕВТИН. Пазите,
компаративна анализа на патните трошоци во регионот за периодот од 2010 до 2016 открива фрапантни бројки: македонски пратеник во просек примал околу 40.000 евра за патни трошоци! Ова е 4.000 евра повеќе од пратеник во Словенија, 21.000 евра повеќе од оној во Бугарија, 28.000 евра повеќе од пратеник во Хрватска и 34.000 евра повеќе од тој во Косово.
Или најсиромашниот народ во Европа плаќа најскапи “народни избраници” – пишува Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…