ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени, добивме јасни гаранции од Шолц, вели Каевски
Посетата на Димитар Ковачевски на Германија, донесе дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина. Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека нови услови, нови пречки на европскиот пат нема да има, соопшти на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
-Дополнително, тој јасно ја нагласи големата почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ. Сето ова доаѓа по усвојувањето на Резолуцијата во германскиот Бундестаг со која се потврдува и дополнително афирмира македонскиот како рамноправен со сите останати јазици на Европската Унија. Ова е уште една потврда за државничките политики на СДСМ и парламентарното мнозинство, кажа Каевски.
Според него, сите политички субјекти, вклучително и ДПМНЕ треба во прв план да ги стават државните и националните интереси и заеднички низ консензус да ја обезбедиме европската иднина. Полноправното членство во ЕУ не е определба само на една или две партии, тоа е стратешка цел поставена уште од денот на осамостојувањето, рече портпаролот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…