ДПМНЕ повторно гласаше против одблокирање на Законот за бранители
На денешната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, мнозинството на ДПМНЕ гласаше против да се одблокира Законот за бранители, информираа од Левица.
– Имено, за дополнување на дневниот ред беше предложено да се утврди одговорност кај спикерот ГАШИ, затоа што истиот не го става т.н. Закон за бранители на дневен ред и дефакто го блокира овој закон. Членовите на Комисијата од ДПМНЕ гласаа против барањето да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, со што свесно и намерно учествувааат во блокирањето на Законот за бранителите.
Со ваквото скандалозно гласање, се потврди дека ДПМНЕ во директна координација со Гаши го блокираат Законот за бранителите и повторно ги оставија на цедило припадниците на безбедносните сили. Иако премиерот Мицкоски има апсолутно мнозинство за конечно да го реши статусот на бранители, очигледно е дека и со апсолутно мнозинство од 64 пратеници, Мицкоски коленичи пред блокадите на Вреди! – соопштија од Левица на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Левица не ја поддржа изградбата на две…
Советниците од политичката партија Левица на денешната…