ДРАМА ВО ОХРИДСКАТА БОЛНИЦА: Со брза помош била донесена во придружба на синот, па тој избегал – мајка му набрзо починала, а полицијата го уапсила среде улица!
На 09.02.2024 година во 10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека околу 01 часот, во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, со возило на Итната медицинска помош била донесена Р.Б.(78) во придружба на нејзиниот син Н.Б.(44), двајцата од Бугојно, Босна и Херцеговина.
Според пријавеното, Н.Б. ја напуштил болницата, а Р.Б. набрзо починала. Н.Б. е пронајден на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид и лишен од слобода.
Телото на починатата е дадено на обдукција. Во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеник на германската АФД: Западен Балкан ќе…
Новата оска во Европа е меѓу Берлин…
Се самозадоволувал на јавно место во Струмица,…
На 28.11.2026 во Струмица, полициски службеници од…
Бакојани тврди дека лично го напишала заклучокот…
Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора…
Зеленски: Подготвени сме за прекин на огнот…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
(Видео) Полицијата бара кој го симнал македонското…
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот…