Драма на автопатот Тетово-Скопје: Полицајци со оружје му се заканувале на граѓанин
Вчера во 1 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.А.(30) од село Буковиќ, скопско, пријавил дека на 26.03.2022 околу 19:45 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, пет лица му се заканиле, а двајца од нив имале огнено оружје.
По преземени мерки било утврдено дека станува збор за лицата Ф.Р.(44), А.А.(38), Д.Н.(41), Н.С.(28) и Д.Д.(48), сите од Гостивар и сите вработени во МВР. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на полицајци со нож во…
Двајца француски полицијци синоќа биле повредени со…
Кумановец отстранет од домот откако и се…
Отстранет од домот кумановец кој се заканувал…
Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за…
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна…
Судијка поротничка била во роднинска врска со…
И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…
Иран со закани кон Европа: Можеме да…
Иран започна нов бран напади врз бродови…