Драми во две белградски училишта: Ученици пробале да се самоубијат – Спречена трагедија во последен момент

t

Во понеделникот во последен момент беше спречена трагедија во основно училиште во Нов Белград. Ученичка (13) од седмо одделение се обидела да скокне од прозорецот на сред час, а наставничката со помош на учениците во последен момент ја спречиле во тоа.

Вистинска драма се одвивала во училницата која е на вториот кат од зградата, наводно затоа што добила единица по математика, објавуваат српските медиуми за настанот кој ја потресе јавноста во Србија.

Ученциите од ова училиште сведочат дека тие подолго време се загрижени за девојчето и дека драмата што се одвивала во понеделникот ги вознемирува.

– Долго време се однесуваше поинаку, имаше красти на рацете и еднаш побегна од дома и беше пронајдена од полицијата – раскажува ученичка и објаснува дека во понеделникот бил и нормален час по математика.

– Наставничката и делеше оценки од контролната задача, а таа доби единица. По пет минути таа почна да плаче навистина силно и рече дека крвари. Почна да ги сече вените со ноктите. Наставничката веднаш се обиде да ја смири, а пред тоа и рече дека ќе може да ја поправи оценката на следниот час – раскажала ученичката.

Таа едноставно не можела да се смири по што побарала да се отвори прозорецот бидејќи наводно не се чувствувала добро. Според ученикот, наставничката се свртел само неколку секунди за да им каже на останатите од одделението да го напишат насловот, а за тоа време ученичката се качила на радијаторот и се наведнала низ прозорецот.

– Сите забележавме, некои веднаш извикуваа „ало!“, а учителката брзо ја фати за бутовите и ја повлече назад –  раскажува ученичката и додава:

– На учителката и рекла дека се мрази себеси и си ја удираше главата во плакарот. За тоа време некои ученици почнале да ја повикуваат класната раководителка, а таа почнала да вреска. Ја однесоа кај психолог и педагог, а потоа не ја видовме. Учениците навистина биле потресени, а нејзините блиски пријатели плачеле. Училиштето потоа повикало брза помош и ученичката била пренесена во болница.

Девојчето кое се обидело да се самоубие наводно било однесено од болница со согласност на нејзините родители, но истрагата се уште е во тек. Директорот не сакаше да го коментира овој настан.

Со брза интервенција е избегната уште една трагедија

Ученичка во средното економско училиште во Белград вчера бил пронајден аво тоалетот на училиштето во несвест. Испила раствор од асепсол и средства за чистење, кои ги донела од дома.

За инцидентот полицијата била известена од итната помош, која со возило на брза помош ја однела ученичката на Одделот за токсикологија.

Таа сега е свесна и стабилна и е задржана во болница.

Медиумите објавија дека наводно, таа сакала да се самоубие поради семејни проблеми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма: Авион морал принудно да слета во…

Авионот на „Сан експрес“, кој полета од…

Продолжува судењето на семејството Кецмановиќ, сведочи момче…

Денеска во Палатата на правдата во Белград…

Нови избори во Белград на втори јуни

Изборите во Белград ќе се одржат на…

(Видео) ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО БЕЛГРАД: Авион…

Летовите на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ вчера…

Убиен е српскиот ММА борец Стефан Савиќ

Во ноќта меѓу саботата и неделата загинал…