Објавено на:

Драми и во Словенија: Јанша го блокира формирањето на владата на Голоб

t

Со законодавен маневар на првата редовна седница на новиот парламентарен состав, партијата на словенечкиот премиер во заминување Јанез Јанша денеска привремено го забави процесот за формирање нова коалициска влада на Роберт Голоб.

Пратениците на Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша во парламентарна процедура доставија предлог за одржување на таканаречен советодавен референдум за предлогот за новелираниот закон за влада кој го поднесоа пратениците на партијата на Голоб „Движење слобода” и неговите коалициски партнери Социјалдемократите (СД) и Левица (Л).

Секоја нова владејачка коалиција во Словенија по правило во парламентот веднаш го новелира законот за влада, за да го приспособи на своите потреби и програмски ориентации, но овојпат беше искористен за опструкција која за неколку недели ќе го одложи формирањето на нова владејачка коалиција, пишуваат локалните медиуми.

Образложувајќи го својот потег, пратениците на Јанша во парламентот денеска во дебатата рекоа дека предложениот број од 20 министерски места во владата е „неразумен”. Тврдат дека претходната влада имала 15 министерски ресори, а онаа формирана од Јанша во 2004 година само 11. Тврдат дека толку голем број министерства е обид за зголемување на јавната администрација и задоволување на потребите на помалите и поголеми потенцијални партнери на Голоб на кои во преговорите им се ветени министерски места.

– Со ова сакаме да ја поттикнеме новата влада да размисли, можеби дури и да смени некои од предложените министри, рече пратеникот од партијата на Јанша, Данијел Кривец.

Три партии од идната коалиција на Голоб го отфрлија маневарот на новата парламентарна опозиција како „обид за ставање пречки под нозете на новата влада во настојувањето и желбата на поразените на изборите да ја негираат волјата на народот”.

Партиите кои и обедини Голоб тврдат дека промената на законот за влада е нормална и вообичаена процедура и оти три министерски места повеќе и реорганизација на неколку ресори според законот за влада што го предложија ќе ги истакнат нивните политички приоритети, а сето тоа ќе овозможи „поефективна имплементација на политиките” во мандатот на новата влада.

Тие тврдат дека реорганизацијата на министерствата ќе биде пооперативна и затоа владата ќе може поефективно да ги спроведе зацртаните политики.

Лево-либералната коалиција на Голоб сакаше да формира влада до 3 јуни.

Покрај Социјалдемократите (СД) на Тања Фајон и Левица на) Лука Месец, Голоб во својот предлог за владата и министрите даде многу места во некои ресори и на партиите на поранешните премиери Марјан Шарец и Аленка Братушек, кои имаат резервирани министерски места во владата иако на изборите не го надминаа изборниот праг од четири отсто.

Голоб смета на овие луѓе поради нивната партиска база на терен, па се зборува за можност за создавање нова либерална „мега-партија” со нив и со Движењето слобода, како онаа што ја користеше тогашниот премиер Јанез Дрновшек во 1990-тите кога беше на врвот на неговата моќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Директорот на БЈБ во официјална посета на…

На покана од генералниот директор на полицијата…