Драcтично скокна цената на шеќеpот, толку не поcкапел 16 години
Пожарите и сушата кои ги зафатија полињата со шеќерна трска во најголемиот производител, Бразил предизвикаа драстичен скок на цената на шеќерот на светските берзи. Поради ова, можно е зголемување на трошоците за производство на десерти и слатки, а оттука и на нивните цени, пишува „Блумберг“.
Фјучерсите на суровиот шеќер се движеа кон најголем раст на цената во последните 16 години, откако бразилската држава Сао Паоло забележа рекорден број пожари овој август, кои беа влошени поради сушата. Ова ги оштетува корените на трската и може да ги принуди одгледувачите да се ориентираат кон други култури наредната сезона.
На промените во цените на земјоделските стоки обично им треба време за да стигнат до маркетите. Последниот скок на цената на шеќерот веројатно ќе значи дека оваа намирница ќе поскапи шеста година по ред, а тоа ќе го продолжи притисокот кон производителите на храна, анализира „Блумберг“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цените на становите во Скопје пораснаа за…
Цените на недвижностите во Скопје продолжуваат да…
Од следната недела значително намалување на цените…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти по…
Пораснаа глобалните цени на маслото и на…
Цените на храната повторно се зголемија во…
Падна цената на златото
На почетокот на април 2026 година, благородниот…
Суровата нафта од типот Брент денес достигна…
Суровата нафта од типот Брент денес достигна…