Државата е домот што можеме да го градиме сите заедно: Новогодишна честитка од претседателот Пендаровски

t

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод новогодишните празници, упати честитка до граѓаните.

„Драги сограѓани,

Ви посакувам подобра и помирна година што доаѓа. Во годината што измина бевме сведоци на безбедносни, економски и енергетски предизвици кои ја зголемија нееднаквоста и го зголемија стравот за долгорочната стабилност.

Сепак, изминатата година бевме сведоци и на хуманоста на луѓето со добра волја кои покрај за своите, се грижеа и за потребите на другите. Овие херои на солидарноста донираа храна, облека и лекови и го подарија своето време и внимание за да ги поткрепат оние на кои им е најпотребна помош. Многумина од нив активно се застапуваа за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Враќајќи ни ја надежта во општото добро, тие нѐ потсетуваат дека сме си потребни едни на други и дека сме одговорни едни за други.

Државата е домот што можеме да го градиме само заедно, сплотени околу визијата за хумано, праведно и просперитетно општество во кое ќе има место за сите. За да ја достигнеме заедничката цел кон која се стремиме уште од почетокот на македонската независност, потребна ни е посветеност и надеж дека ќе биде подобро.

Во новата 2023 година, ви посакувам радост во срцето, мир во душата и надеж во животот, а со нив и многу здравје и успех на секое поле.

Нека ни е среќна новата 2023 година!“, порача Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…

Пендаровски: Да ги надминеме поделбите и да…

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните…

Пендаровски им порача на Обединетите нации да…

Секоја година, во овој период, очите на…