Државен испитен центар: Професорите да си дојдат на работа во сабота, матурантите треба да полагаат проектна задача

t

Матурскиот испит се состои од два екстерни предмети, два интерни предмети и една проектна задача како практичен дел.

Професорите во средните училишта да покажат солидарност за своите ученици матуранти со тоа што штрајкот ќе го реализираат од понеделник до петок, а во сабота ќе дојдат на работа и ќе овозможат полагање на проектна задача на околу 1.600 матуранти кои, не по нивна вина, не успеаја да го завршат испитот пред да почне штрајкот, повикува директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска.

– Сите училишта си прават 160 интерни распореди при што учениците добиваат термини за полагање на проектната задача. Матурантите кои досега не успеале да го завршат тој дел од матурскиот испит не се виновни за ништо,  едноставно нивниот ред за полагање се поклопил со почетокот на штрајкот, односно рокот за полагање на проектната задача беше до 21 април. А без овој дел од матурата, се смета дека ученикот нема во целост положено  матурски испит, дури и да ги положи екстерните и интерните предмети од матурата, односно не  може да земе диплома од училиштето. Дипломата ќе може да ја  земе дури во август кога ќе биде веќе завршен првиот уписен рок и веројатно ќе бидат пополнети местата на атрактивните  факултети, поради што многу солидни ученици ќе мораат да се  запишат во втор уписен рок таму што ќе остане слободно место,  а не таму каде сакаат, што е една голема  неправда за  учениците, вели Наумовска во изјава за Слободен печат.

Таа нагласува дека е во постојана комуникација со министерот за образование, Јетон Шаќири при што се бара решение како да се реши овој проблем во корист на матурантите.

– Ние сме во постојана комуникација со министерот, договараме да се продолжи рокот за полагање на проектна задача. Испративме предлог министерот да го промени календарот, со што наместо до 21 април, до 19 мај да се продолжи рокот за реализација на проектната задача, до кога трае учебната година за матурантите. Се надевам дека до тогаш штрајкот ќе биде завршен, вели Наумовска.

Штрајкот лошо ќе влијае и на иднината на учениците кои се примени на факултети во странство.

– Има значителен број на матуранти кои се примени на добри факултети во светот и на кои им бараат до 10 јули да достават доказ за положена матура. Тоа, уште еднаш повторувам, не е можно ако на време не се положи проектната задача, нагласува директорката на државниот испитен центар.

Матурскиот испит се состои од два екстерни предмети, два интерни предмети и една проектна задача како практичен дел. Полагањето на мајчин јазик е закажано за 4 јуни, додека на 13 јуни ќе се полага изборниот предмет. После тоа се полагат уште два интерни предмети кои ги одредува матурската комисија од училиштето. Тие не се вреднуваат при упис на меѓународен факутет.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во центарот на Куманово

Престрелка попладнево се случила во центарот на…

Дел од општина Центар без вода

Без вода денеска од 9 часот ќе…

(Видео) Арсовска: Реконструирана улицата “Славејко Арсов” во…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на…

Maж се обидел да силува девојче во…

Maж се обидел да силува девојче во…

Турски државјани се обиделе да ограбат куќа…

Двајца турски државјани се обиделе да ограбат…