Државен просветен инспекторат: УКИМ не смее да тера студенти да потпишат изјава со кривична одговорност

t

Државниот просветен инспекторат му наложи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ да не бара изјави од студентите дека нема да се пријавуваат на ниту еден друг универзитет. Ваквото постапување е спротивно на Законот за високо образование, посочуваат од Инспекторатот.

Просветниот инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетот во Скопје откако Алсат алармираше дека студентите треба да потпишат декларација под морална и кривична одговорност дека нема да аплицираат паралелно на ниту еден од другите универзитети во земјава. Инспекторатот наложи и да не се бара изјава дека студентите нема да си ги бараат оригиналните документи што ги поднесуваат при пријавувањето најмалку три месеци, бидејќи и тоа е незаконско.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почна пријавувањето за студии на УКИМ, слободни…

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска…

УКИМ продолжува да тоне: Го нема ни…

На штотуку публикуваната листа Глобал 2000 објавена…

Ќе се доградуваат недовршените згради кај Ректоратот…

Министерството за образование и наука најави дека…

Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони…

Спортската сала на УКИМ, во која државата…