Објавено на:

Државите членки на Г7 предупредуваат: Да не се преземаат акции за насилно менување на светскиот поредок

t

Групата на најразвиени индустриски земји во светот (Г7) предупреди да не се преземаат какви било акции за насилно менување на светскиот поредок.

– Силно ќе се спротивставам на секакви еднострани обиди за насилна промена на „статус кво“. Ќе му ја покажам на светот непоколебливата решителност на Г7 да го зачува светскиот поредок, заснован на владеење на правото, изјави шефот на јапонската дипломатија Јошимаса Хајаши на средбата со неговите колеги од Г-7, посветена на ситуацијата во индо-пацифичкиот регион.

По работната вечера, првите дипломати од Г7 денеска ги продолжуваат консултациите во јапонското летувалиште Каруизава.

Тие ќе разговараат за кинеските притисоци врз Тајван, за дејствувањето на Северна Кореја, како и за насилството во Судан.

Средбата на министрите за надворешни работи се одржува во пресрет на средбата на шефовите на држави и влади на Г7, што треба да се одржи во мај во Хирошима.

Јапонија е ротирачки претседавач на Г7, во која членуваат Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: Г7 размислува за заем од…

Сојузниците на Вашингтон од Г7 го разгледуваат…

Средба на министрите за правда од Г7…

Министрите за правда од Групата седум индустриски…

Земјите на Брикс со повисок економски раст…

Земјите од БРИКС се сметаат за петте…

Г-7 побара од Русија целосно расчистување на…

Министрите за надворешни работи на земјите од…

Фајненшл Тајмс: ЕУ си призна, ограничувањето на…

Ограничувањето на цената на руската нафта воведено…