Републичкиот јавен обвинител вели дека се истражува случајот со тунелот во Идризово, ама не може да сподели детали

t

Тоа што велите дека нема никакви мерки, не значи дека Обвинителството и надлежните служби не постапуваат. Поради фазата во која се наоѓа постапката, сите дејствија од надлежните органи не можат да се соопштат бидејќи можат одредени дејствија да се осуетат. Одговорно ви тврдам дека јавен обвинител, припадниците на МВР и припадниците на Управата за извршување на санкции интензивно работат на расчистување на околностите, изјави денеска републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески како одговор на прашањето до каде е истрагата со копањето тунел за бегство од под затворот „Идризово“ и дали полицајци се вмешани во помагање на затворениците.

Според него, „се она што во одреден момент се презема од надлежните институции, не може да се соопшти во јавноста во моментов“.

-Службените лица кои работат на расчистување на случајот ги следат сите околности. Ниту Обвинителството, ниту МВР немаат интерес да штитат одредени лица. Обвинителството мора да дојде до одредени докази и да ги направи во валидна постапка, рече Јовески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два тунели за бегство најдени во затворот…

Два тунела кои требало да бидат употребени…

МВР: Лице барано со потерница спроведено во…

Денеска (07.04.2024) во 00.05 часот на подрачјето…

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со…

43-годишен осуденик од затворот Идзризово кој користел…