Државното правобранителство поднесе кривични пријави против двајца поранешни обвинители од СЈО
Државното правобранителство поднело кривична пријава против двајца поранешни обвинители и еден истражител на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за пропусти во случајот со бизнисменот Сеат Кочан, објави Телма.
Во пријавата која ја објави телевизијата, во која пишува дека е испратена со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Владата, се вели дека поранешниот специјален обвинител Артан Ајро, кој сега работи во обвинителството за организиран криминал, неговиот колега Гаврил Бубевски, кој сега е шеф на скопското обвинителство, како и Арафат Муареми, поранешен истражител во СЈО, а сега директор на Управата за финансиска полиција, се осомничени за Злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење. Заедно со обвинителите и истражителот, пријавен е и самиот Кочан.
Државното правобранителство смета дека тие навремено не поднеле барање за замрзнување на имотот на Трансмет вреден 17,2 милиони евра, а Кочан тоа го искористил, па си го префрлил имотот на друга фирма – токму на денот кога СЈО побара замрзнување.
„Тие, заедно и со меѓусебен договор, организирано во група, првопријавениот (Артан Ајро) и второпријавениот (Гаврил Бубевски) во постапка пред суд , а третопријавениот (Арафат Муареми) во истражна постапка, знаејќи ја состојбата на имотот на четвртопријавениот (Сеад Кочан), дозволиле и не ги спречиле последиците настанати од незаконско постапување на страна на четвртопријавениот. Прво пријавениот и второпријавениот според Кривичната пријава „не ги презеле сите пропишани законски дејствија и правни средства кои биле должни да ги превземат во постапката“, се вели во пријавата за случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж и истурил хемиско средство на партнерката…
Од МВР информираат дека четири лица се…
АХВ нема да постапува по анонимни пријави…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира…
Туфегџиќ: Од 15 обвинители, најмалку 5 не…
Обвинението за случајот „Пулс“ е доста проблематично…
Лажни пријави за поставени експлозиви во Спортската…
На 22.11.2025 во 20:51 часот и 21:17…
Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско…
Повеќепати оспоруваната Државна комисија за спречување на…