Дубаи прогласи 10 дена жалост: почина шеикот Ахмед бин Рашид
Заменикот на началникот на полицијата во Дубаи, шеикот Ахмед бин Рашид Ал Мактум, почина денеска на 76-годишна возраст, а Дворот на Дубаи прогласи десетдневна жалост, пишуваат локалните медиуми.
Знамињата ќе бидат спуштени на половина копје, почнувајќи од денеска, објавено е на веб-страницата на Владата на Дубаи.
Шеик Ахмед беше четвртиот син на покојниот шеик Рашид бин Саид Ал Мактум, потпретседател и премиер на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Дубаи.
Тој дипломирал на Кралската воена академија „Сендхурст“ во Велика Британија во 1975 година и служел како командант на Централниот воен регион на Дубаи во 1980-тите години.
Бил еден од основачите на спортскиот клуб „Ал Васл“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
(Видео) Автоматска CPR машина спаси живот на…
Маж во Дубаи доживеал ненадеен срцев удар,…
Дубаи прогласи 10 дена жалост: почина шеикот…
Заменикот на началникот на полицијата во Дубаи,…
Тајкуните масовно го префрлаат капиталот од Дубаи…
Сјајот на метрополите Абу Даби и Дубаи…
(Видео) Се запали облакодер во Дубаи
Голем пожар избувна на градилиште на облакодер…