ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори!

t

Од ДУИ велат дека Владата предводена од Христијан Мицкоски целосно промашила во одржувањето на функционалноста на меѓуетничката демократија – клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата.

„Со заминувањето на уште еден албански партнер, ова политичко мнозинство целосно без легитимитет кај Албанците, целосно се претвори во моноетничка Влада.

На ова предупредувавме уште од самиот почеток на создавањето на ова парламентарно мнозинство, затоа што беше создадено на премисите на една монструозна амбиција – да се дисциплинира цел еден конститутивен народ и, според нивните зборови „да им се покаже местото“ на Албанците.

Она што особено загрижува е што наместо да ги увиди сопствените промашувања, премиерот најавува уште поцврста и поагресивна политичка хајка за да оствари континуитет на оваа моноетничка Влада.

Наместо да ја прифати реалноста дека народот бара предвремени избори, на терен веќе се демонстрира арогантна агресивност преку активности на уцени, подметнувања и поткуп.

На јавна сцена Владини функционери упатуваат закани дека „ќе ги стине правдата“ оние кои го критикуваат Премиерот, додека во позадина се води непристојна уцена кон пратеници, функционери и административци – Албанци, Турци, и други претставници на немнозинските етнички заедници, за да се обезбеди барем привид за некаква мултиетничка поддршка на Владата.

Овие очајни обиди да се добие барем некаков легитимитет ќе пропаднат, но зад себе ќе остават длабоки последици во нарушувањето на меѓуетничките односи.

Секој ден што оваа Влада ги отфрла албанските барања, преставува уште еден ден повеќе во оддалечувањето на Албанците од државните текови.

Оваа парламентарно мнозинство ги промаши клучните стратешки интереси на државата и заради тоа се распаѓа.

Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори“, велат од ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…