ДУИ: Задоволни сме од масовниот одзив на граѓаните за поддршка на Бујар Османи – ДПМНЕ да се огради од веќе еднаш поразената Давкова

t

Демократската Унија за Интеграција е задоволна од масовниот одзив на граѓаните во поддршка на кандидатурата на д-р Бујар Османи за Претседател на нашата земја, соопштија од ДУИ.

Вчера бевме сведоци на реки луѓе кои што потпишуваа во поддршка на Др. Бујар Османи и веруваме дека за ден-два ќе го завршиме процесот на собирање потписи, но ќе го оставиме процесот отворен за сите граѓани кои што дополнително сакаат да се потпишат за нај-целокупната кандидатура на овие претседателски избори, таа на д-р Бујар Османи.

Основата на идејата на лидерот Али Ахмети е Претседателот на државата да се избира во Собрание со 2/3 мнозинство на гласови и со Бадентерово мнозинство, за да се обезбеди општествен, натпартиски консензус со над 80 гласови во Собранието како и етнички консензус преку Бадинтерово мнозинство за да се спречи етничко надгласување и наметнување на волјата само на двете поголеми македонски политички партии.

Со ова, ќе заштедиме над 20 милиони евра во државата, десетици илјади граѓани ќе се поштедат од процесот на собирање потписи, сите граѓани исто така ќе бидат поштедени од кампањата и учеството на изборите за функција која има протоколарен карактер.

Лидерот Али Ахмети уште во 2009 година на Вториот изборен Конгрес на Демократската унија за интеграција во Скопје ги наброи 12 позиции, тогаш недостижни за Албанците, меѓу кои и Претседател на државата.
Од тогаш, оваа прогресивна идеја ја имаме во Изборната програма од 2014, 2016 и 2020 година и ја реализираме чекор по чекор.

Време е драги граѓани, После Првиот Премиер Албанец, Првиот Вицепремиер, Министерот за надворешни работи, тој за одбрана и за внатрешни работи, државните правобранители и Народниот Правобранител, претседателите на Уставниот, Врховниот и Управниот Суд, претседателите на футбалската, боречката и боксерската федерација, да го отвориме патот и Претседателот на државата да биде и Албанец.

Разочарани сме што ВМРО-ДПМНЕ, еднаквоста ја гледа како уцена, и избрзува, како и секогаш, со отфрлање на прогресивни идеи поради заробеноста на конзервативниот ум во замислената етничка доминација во заедничката држава.

Затоа, Албанците, Македонците и сите други граѓани треба масовно да ја дадат својата недвосмислена поддршка за кандидатот Др. Бујар Османи.

Ни требаат сите гласови за да ни се овозможи да го измениме Уставот, истовремено и за Претседателот и за уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот за добрососедство и да продолжиме одлучно кон ЕУ.

Ова е вин вин шанса и за вмро и сдсм, и за сите граѓани, и ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг на Претседателските избори и за Парламентарните избори.

Само со концентриран глас за најсилната Албанска партија ќе се постигне целта и ќе се спречи Русија и руското влијание кое ја зафати нашата економија, критичната инфраструктура, политичките партии, медиумите, верските заедници, граѓанското општество и има за цел да го дестабилизира нашето кревко мултиетничко, мулти-религиозно и мултикултурно општество за промовирање на домино ефект низ целиот регион.

Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се произнесе против Русија, за Европа како и да се огради од поетичните про-Путинистички ставови на нивната веќе еднаш поразена русо-носталгична кандидатка Гордана Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…