ДУИ како и нивниот партнер во власта и во криминалот, СДСМ, целосно се изгубија. Наместо европски вредности, тие се сведоа на воспевање на комунистички диктатор како што е Енвер Хоџа

t

Во соопштение до медиумите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пишува: „ДУИ како и нивниот партнер во власта и во криминалот, СДСМ, целосно се изгубија. Наместо европски вредности, тие се сведоа на воспевање на комунистички диктатор како што е Енвер Хоџа. Наместо западна демократија, тие глорифицираат тоталитарен режим кој ја направи Албанија во тоа време најизолираната и најсиромашната држава во Европа.

И сега кога Албанците го гледаат Ахмети како пее и жали за времето на Енвер Хоџа, им станува јасно дека декларативните изјави на ДУИ за европски вредности се обично лицемерие. Тие се восхитуваат на комунизмот, тоталитарниот режим и диктаторот кој беше свртен кон Кина и СССР и поради кој страдаа многу Албанци.

Всушност Ахмети и ДУИ длабоко во себе не се заштитници на права и слободи исто како што наместо демократија тие преферираат тоталитарен диктатор како Енвер Хоџа.

Тие се само дел од мафијата на власт која владее за да краде и да ги осиромашува граѓаните, меѓу кои најмногу Албанците. СДСМ и ДУИ правата на граѓаните ги множат со нула и гледаат само криминалот да им врви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…

Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите…

Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…