ДУИ: Кој е против обложувалниците да се далеку од училиштата, а е во бугарско-српски монопол?
На кого му пречи и кој го блокира веќе две години законот за игри на среќа со кој обложувалниците и казината се оддалечувват на 500 метри од нашите деца и училишта, се заштитуваат и спречуваат малолетниците од учество во игрите на среќа, а воедно се зголемуваат приходите во буџетот, преку зголемување на даноците и цената на лиценците, со што се помагаат културата, спортот и медиумите. Ова прашање преку соопштение го поставува ДУИ и истакнува дека со изненадување и неверување ја следи дебатата и кампањата против законот за игрите на среќа, како и кампањата во одбрана на монополот.
„Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија ‘пријавена’ добивка е просечно 15 милиони евра годишно? Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на законот во корист на казината? Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат“, наведува ДУИ.
Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието, нагласува партијата.
„Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на сплотеност на политиката со криминалот и камуфлираните.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво, нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!
Нема да нѐ спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“, пишува во партиската реакција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери украдоа податоци од „Росстат“: Во војната…
Во војната во Украина загинале повеќе од…
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…