ДУИ: Реформи имаше со заминувањето на Изет МегаВин Меџити од партијата

t

ДУИ на дело покажа дека најголемите и најдлабоките реформи се случуваат кога самите криминализирани елементи ќе ја напуштат партијата. Најјасен пример е заминувањето на шефот на урбаниот криминал и слуга на коцкарската индустрија, Изет “Мегавин” Меџити, кој сфати дека неговите криминални активности немаат простор и повеќе не можат да просперираат во ДУИ бидејќи не би го преминале партискиот и државниот ветинг, велат од партијата ДУИ во соопштение.

„Ова е доказ за нашата посветеност за чистење и зајакнување на нашите редови за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување чиста и чесна политика. 

Тие што ја напаѓаат ДУИ со соопштенија напишани од нивните сопственици ВМРО ДПМНЕ и преведени на албански јазик, мора да сфатат дека нивните напори се предодредени да пропаднат пред нашата определба за интегритет и напредок.  

Тие што треба да сносат одговорност се во Владата, вие ги имате на вашата десно страна, а од криминалци ги „реформиравте“ во џентелмени. 

Сите тие во месец мај јавно ветија дека доколку изгубат со еден глас помалку ќе поднесат оставки од своите партии, но не го одржаа зборот.

Истите, ветија дека ако не се смени уставот за 6 месеци, ќе си заминат од владата, повторно излажаа. 

Само споени избори ја запираат оваа пандемија на лаги, неуспеси и понижување на Албанците од денешните вазали, затоа немојте да се плашите и дојдете да се измериме на избори“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

ДУИ бара брзи предвремени парламентарни избори!

ДУИ бара брзи предверемени избори по победата…

(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница

Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…

Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница

Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…