ДУИ со остри критики за првите 100 дена од Владата
ДУИ првите 100 дена на Владата ги оценува како неуспешни, особено кога станува збор за економскиот развој, зголемувањето на стандардот и финансиската стабилност на државата. Според ДУИ, наместо Владата да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции, го направила спротивното, ги скратиле средствата за изградба на коридорот 8, училишта, студентски домови, спортски објекти и многу други.
„Наместо Владата да го држи под контрола јавниот долг, истото го зголеми за над 180 милиони евра со сомнителни, нетранспарентни задолжувања, со високи каматни стапки. Во овие 100 дена немаме ниту странска ниту домашна инвестиција, напротив имаме целосна блокада од страна на Генералниот секретаријат во реализацијата на обврските кои произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде од сомнителни причини десетици домашни компании немаат добиено поддршка за зголемување на нивните производни капацитети, зголемувањето на извозот, но и зголемувањето на платите на илјадници вработени во приватниот сектор“, рече Рина Ајдари, ДУИ.
Според Ајдари, веќе има многу докази дека економијата на земјава тоне. Меѓу нив, падот на индустриското производство, намалување на просечната плата во земјава, порастот на како и најавата за пораст на цената на дериватите.
„Демократската унија за интеграција ги повикува институциите итно да преземат конкретни мерки за зголемување на минималната плата на минимум 450 евра, а линеарно и сите други плати во државата, да ги субвенционираат локалните компании за да ја зголемат својата конкурентност, да ги покријат патните трошоци на вработените чие работно место е на повеќе од 15 километри од местото каде што живеат, да започнат реформи за намалување на придонесите во бизнис секторот, да ги задржат своите вработени додека имаат можност да ги зголемат платите во приватниот сектор“, нагласи Рина Ајдари, ДУИ.
Од ДУИ велат дека Владата итно треба да им помогне на компаниите да добијат нови пазари за извоз, да се врати методологијата за зголемување на пензиите, врз основа на порастот на инфлацијата и просечната плата во државата, како и да се намали цената на струјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…
(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…
Мајката на момчето кое што е осомничено…
Поранешен косовски министер уапсен во акција против…
Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…
Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…
Илон Маск се приклучи на сè погласните…
Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…
Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…