Дури денес ќе биде поништена лиценцата на „Беса транс“, 50 дена по несреќата
Министерот за економија Крешник Бектеши на вчерашната прес-конференција информираше дека денеска ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која на 23 ноември животот го загубија 46 лица.
Бектеши соопшти дека вчера во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција за транспорт.
Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Д-р Кузмановски три месеци ќе треба да…
Д-р Игор Кузмановски, поранешниот директор на Клиниката…