Д-р. Даниловски бара воведување на „здравствен Устав“ поради честото менување на директори и министри за здравство

t

Епидемиологот д-р Драган Даниловски бара воведување на „здравствен Устав“ поради честото менување на министри за здравство во Македонија, но и директори, организациски шеми и приоритети.

„Во меѓувреме, незаразните болести остануваат водечка причина за смртност. Населението старее. Младите лекари и медицински сестри ја напуштаат земјата. Листите на чекање остануваат долгогодишен проблем. Превенцијата и јавното здравје сè уште немаат место што им припаѓа во системот. Овие состојби не можат да се менуваат во рамките на еден четиригодишен мандат. За подобрување на здравствените исходи потребни се долгорочна визија, институционална стабилност и јасно утврдени национални приоритети. Поради тоа, убеден сум дека Македонија има потреба од документ кој ќе биде над дневната политика и над изборните циклуси. Документ што ќе ја дефинира здравствената политика на државата за најмалку десет години. Документ што ќе ги обврзува сите идни влади, без оглед на нивниот политички состав. Јас тој документ го нарекувам „Здравствен устав“, објави Даниловски.

Според него, станува збор за национална стратегија усвоена со широк консензус во Собранието, по темелна јавна расправа со медицинските факултети, професионалните комори, здравствените работници, пациентските организации, Фондот за здравствено осигурување, научната јавност и политичките чинители. Даниловски тврди дека таков документ треба да ги постави темелните правила на развојот на здравствениот систем и да обезбеди нивен континуитет независно од политичките промени.

„Вакви решенија не се непознати во Европа. Словенија одамна ја избра оваа насока. Стратешките определби за развојот на здравството се усвојуваат во парламентот и претставуваат долгорочна обврска за сите влади. Благодарение на ваквиот пристап, реформите имаат континуитет, а здравствените политики се градат врз постепен развој. Македонија има доволно знаење за да изработи ваков документ. На медицинските факултети, во Институтот за јавно здравје, во клиниките, стручните здруженија и коморите работат луѓе со искуство и компетенции што можат да понудат современи решенија. Потребна е политичка зрелост тие знаења да се претворат во национален договор.

„Здравствениот устав“ треба да содржи јасно дефинирани цели, рокови и мерливи показатели за нивното исполнување. Секоја година Владата треба пред Собранието да поднесува извештај за степенот на реализација на утврдените индикатори. Таквиот пристап создава континуитет, отчетност и можност напредокот да се оценува врз основа на резултати“, стои, меѓу другото, во објавата на докторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД АЗБЕСТОТ СЕ СТРАШНИ: Д-р Трајковски…

Д-р Бојан Трајковски објасни кои се штетните…

ЛДП бара Пановски и Даниловски да бидат…

Доктор Никола Пановски и доктор Драган Даниловски…

(Видео) Даниловски бара кpaј за ceртификатите и…

Можно е да регистрираме и две и…

Даниловски со добри вести: Најавува кpaј на…

„Со многу висока веројатност во 2022 година…

Даниловски: Омикpон е помалку опaceн, во април…

Епидемилогот Драган Даниловски во вестите на Сител…