Д-р Лазаров: Боли молкот на интелектуалците за трагедијата во Тетово
Доктор Ненад Лазаров е еден од не многуте кои со реакција се јавија по објавувањето на документарецот на ИРЛ за трагедијата во тетовската модуларна болница.
Тој повика секој да ја погледне истражувачката сторија.
– Истекуваат и 24 часа како фактографски во документарецот на ИРЛ ви беше прикажано дека заради личен профит живи гореа луѓе во т.н. монтажна болница, конкретно се посочени и виновници. Не очекувам протести по улица, она што ме боли е молкот на сите вас т.н. интелектуалци, а повторно се потврдува и дека медиумите се еден од најголемите непријатели на народот! – порача д-р Лазаров.
Видно револиран констатира:
– Како ли ни се смееле додека одевме од болница во болница од крај на крај на земјава,по карантини и ноќи да однесеме се можно што успевавме да обезбедиме со помош на народ или што направивме од заштитна опрема, за колеги медицинари оставени голи и боси да се борат со непознато, со хируршки маски против аерогена болест, додека нив им вртел бројчаникот…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…