Еве ги “европските гаранции”: Историската комисија да постигне консензус за заедничката историја и да се сменат учебниците – Ако не игра по правилата, нема влез на Македонија во ЕУ

t

Ако досега не ви беше јасно дека внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија нема да биде единствениот услов за влез на Македонија во ЕУ, сега добивате и потврда и тоа од францускиот амбасадор во Бугарија.

Жоел Мејер во интервју за бугарскиот медиум БГНЕС, истакна дека Францускиот предлог е плод на колективен труд на сите држави-членки на ЕУ. Мејер зборувајќи за условите на Македонија за влез во ЕУ ја спомена и историската комисија формирана меѓу двете држави, за која вели дека треба да постигне консензус за заедничката историја.

-Македонија треба да ги спроведе неопходните реформи пред да влезе во ЕУ. Историската комисија има за цел да постигне консензус за заедничката историја на двете држави и да се напишат учебници кои споделуваат една и единствена идеја за заедничка историја. Колку повеќе се кочат уставните измеин на Македонија, толку повеќе ќе се забави нивното членство во ЕУ, вели францускиот амбасадор.

Францускиот амбасадор објаснува дека присоединување на Македонија кон ЕУ е интерес и на Македонија и на нашите соседни држави кои се членки на ЕУ, бидејќи така ќе се подобри економијата на целиот регион.

-Македонија треба да го промени нејзиниот Устав, не ги потценувам напорите да не се случи тоа кои може да бидат поткрепени од трети страни, на пример Русија, која има за цел да ги раздели општествата, вели Мејер кој додава дека според неговите информации “во Скопје постои решеност да се промени Уставот бидејќи се гледа поголемата цел – членството во ЕУ.”

-Сметам дека треба да се засили дијалогот и државата побрзо да го промени својот Устав, ако не го направи тоа, правилата на игра се јасни, изјави Мејер на малку заканувачки начин.

Мејер потсетува и на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија:

-Има потпишано договор меѓу Македонија и Бугарија и потоа е валидиран на европско ниво, освен тоа има и Договор потпишан во 2017 година каде се определени ангажманите на двете страни. Тоа вклучува и унапредување на правата на Бугарите во Македонија. Има и преземени дејствија, на пример се формираа комисии кои ги засилуваат културните врски, тука мислам и на историската комисија која цели кон тоа да постигне консензус за заедничката историја и да се напишат учебници кои споделуваат една визија за заедничката историја. Кај двете страни гледаме желба да се надмине тој конфликт, вели Мејер.

Амбасадорот вели дека треба да се внимава на екстремни структури кои прават провокации и предизвикуваат националистички чувства кај нацијата и дека никој не ја принудил Македонија да ги направи овие отстапки, државата тоа сама си го преземала како одговорност со желбата за влез во ЕУ.

Францускиот амбасадор во Бугарија си кажа што имаше, останува да ги прокоментираме неговите изјави од аспект на денешните случувања во Македонија.

Власта, како што кажува и Мејер е решена да ги спроведе уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, а таква желба “наеднаш” се појави и кај Христијан Мицкоски кој реши да ја замајува јавноста и членството на ВМРО-ДПМНЕ преку таканаречениот “хрватски терк” за уставни измени.

Мицкоски очигледно смета дека е попаметен и постручен од истакнати правници, професори на Универзитет, филозофи кои го критикуваат неговиот предлог, како и сите предлози кои имаат за цел внесување на Бугарите во Уставот на било каков начин.

Професорката Каракамишева на Фејсбук истакна дека секој чесен правник нема да учествува во таа работна група која ја формира Министертвото за правда, која ќе работи на предлог-амандманите за промена на Уставот. Професорката нагласи дека е потребен комплетен ресет на уставно-правниот поредок во Македонија.

Професорот Цуцуловски, во гостување во Инфомакс, но и на социјалните мрежи, го истакна и секојдневно ја истакнува погубноста на одлуката за било какво внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Како што кажува Цуцуловски, тоа ќе биде отворање, а потоа и затворање на македонскиот ковчег, од кој после тоа нема да може да се излезе.

Професорката Ванковска исто така речиси секојдневно истакнува дека ваквата идеја е крајно деструктивна за Македонија и Македонците и дека во понатамошниот период ќе предизвика само поголеми проблеми, наместо да ги реши моментално постоечките.

Инаку, би требало да потсетиме дека во Македонија во тек е процес на промена на учебниците по историја за шесто и седмо одделение, кои според “анонимни забелешки” содржеле спорни и невистинити факти.

Учебникот за шесто одделение го разработува периодот од предисторијата и античката историја, заклучно со падот на Западното Римско Царство во 476 додина од нашата ера. Учебникот за седмо одделение го обработува периодот на средновековието, вклучително и државата на Царот Самоил и останатите средновековни кнежества кои с епојавуваат на територијата на Македонија во вид на мали држави.

Од Министерството за образование и наука, континуирано, неколку месеци не одговараат на прашањата на Инфомакс во врска со овие промени на учебниците. Последно, немаме одговор на прашањето поставено вчера, каде бараме информација за текот на овој процес, дали комисијата за промена на учебниците е формирана и какви се тие промени кои се планираат.

Од историската комисија ни трага, ни глас, се појавуваат на состаноците на комисијата каде расправаат како и за колку да го продадат и тоа што останало од македонскиот идентитет, ако може да се каже дека нешто останало… Најжално од се е што за да “преговараат” ги плаќаме сите ние, членовите на историската комисија земаат илјадници евра хонорари, точните бројки секако не ги објавуваат, а и МНР повеќе од еден месец не најде време да ни одговори на прашањето колкави хонорари земале сите досегашни членови на комисијата од македонска страна.

Левица, вчера на прес-конференција објави дека имаат информации за тајни средби на Мицкоски и Ковачевски со бугарски претставници, поточно претставници на тајните служби, со кои се договараат деталите за уставните измени.

Сите заедно, со здружени сили, ги коваат последните клинци на македонскиот ковчег, како што го нарекува Цуцуловски. Нотарските изјави на пратениците со кои се мавташе пред “белата палата” веројатно завршиле како тоалетна хартија, а веќе не слушаме ни барања до ЕУ да гарантира дека ова ќе биде последниот услов за влез на Македонија во ЕУ.

Такви гаранции, секако, не можат и нема да бидат дадени од ниту еден европски претставник, за бугарски политичар нема потреба ни да зборуваме.

И додека на прес-конференции се зборува за платите на функционерите и се упатуваат повици да се поддржи “генијалниот” предлог, соломонското решение на Мицкоски за промена на Уставот, требаше францускиот мабасадор во Бугарија да не потсети дека комисијата има за цел постигнување консензус за ЗАЕДНИЧКА историја и промена на учебниците согласно договореното…

Само вие замајувајте го народот и сонувајте за “европска Македонија”, ама кога ќе се разбудите, ќе се разбудите како Македонци што ги создал Тито, освестени Бугари, дрво без корен што кој како сака го моделирал од пластелин, народ без јазик, без историја, без идентитет, новоизмислен народ… Ако може да се каже дека тоа е народ…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

ЕУ дели бесплатни карти за патување низ…

Европската комисија повторно им подарува билети за…

Ренесанса во Полска: Прераснува во извозна сила,…

300.000 илјади Полјаци се вратиле дома само…