Еве кој од администрацијата ЌЕ ДОБИЕ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТАТА ОД 30%

t

Со Буџетот за 2023 година се планира наредната година да има 26,7 милиони евра или 5 насто повеќе пари за плати на јавната администрација. Сепак, ова зголемување не е рамномерно за сите 16 министерства.

Апсолутен победник во категоријата најголемо зголемување на платите ќе бидат 664 вработени во Министерството за финансии. Новата година тие ќе ја стартуваат со дури 32,7 насто поголема просечна месечна бруто-плата по вработен.

Платата ќе се зголеми за речиси 250 евра и ќе изнесува 987 евра (60.685 денари). Втори на листата со зголемување на просечната месечна бруто-плата се во Министерството за образование.

Ова министерство ќе подели плати на 7.406 вработени, при што просечната месечна бруто-плата ќе се зголеми за 29,77 насто или 956 евра (58,822 денари). Трети на листата се вработените во Министерството за одбрана, каде што просечната месечна бруто-плата за 7.468 вработени ќе биде 895 евра (55,068 денари).

Од министерствата за финансии и образование за порталот Пари не одговорија на што се должи големиот пораст на платите. Само од Министерство за одбрана дадоа појаснување: „Зголемувањето на средствата за плати во буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година се должи на предвидениот прием на нови 500 професионални војници, за кои се обезбедени средства за исплата на бруто-плата, потоа на предвидениот прием на питомци од Воената академија, прием на офицери со дошколување, како и на зголемувањето на платите на припадниците на Армијата со донесените измени во Законот за служба во Армијата, од октомври 2022 година“, велат од министерството.

Како што има победници, во распределбата на буџетските пари за плати, има и губитници. Но, тоа било фиктивно, велат во министерствата каде се намали просечната месечна бруто-плата по вработен или кои добија помалку пари за плати во споредба со 2022 година.

Убедливо најголемо намалување има во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, каде просечната месечна бруто-плата по вработен е намалена за 11,3 %. Следува Министерството за локална самоуправа со 8,16 % намалување и Министерството за транспорт и врски со 2,1 % намалување

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…