ЕВН Хоум повторно универзален снабдувач, профитната маржа намалена на 9,9 отсто
ЕВН Хоум е повторно избран за нов универзален снабдувач на регулираниот пазар на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
Извори од Владата брифираат дека претпладнето имало електронска аукција на која досегашниот универзален снабдувач повторно победил, но профитната маржќа во негативното наддавање му била намалена на 9,9 отсто.
Останува да се види дали ова ќе влијае на намалувањето на сметките за електрична енергија за граѓаните. Универзалниот снабдувач под новиот договор треба да започне од јуни а во истиот период и Регулаторната комисија за енергетика ќе ја разгледува цената.
Досега ЕВН Хоме ги снабдуваше домаќинствата и малите потрошувачи со струја со профитна маржа од 11,5 отсто. Услов на Владата на новиот повик беше профитот да биде помал од 11,5 отсто.
Сепак, не е познато кои биле другите учесници на јавното наддавање. и дали биле прифатени критериумите з аучество за сите што аплицирале на повикот. Неофицијално, заинтересирани беа уште компанијата ЕДС и ЕСМ Продажба.
Владата на некоја од следните седници ќе го разгледа извештајот од комисијата за спроведување на повикот и ќе одлучи официјално дали ќе го прифати исходот од денешната аукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…