Објавено на:

„ЕВРОПЕЈЦИТЕ ТРЕБА ДА JA OБEСAT СТАРАТА ВЕШТЕРКА ФОН ДЕР ЛАЈЕН – ТОА НЕМА ДА ПОМОГНЕ МНОГУ, НО БАРЕМ ЌЕ БИДЕ ЗАБАВНО“ Медведев смета дека Трамп ја понижил Европа

t

Договорот е очигледно насочен против Русија бидејќи забранува купување руска нафта и гас. Сепак, додека за претседателот Доналд Трамп тоа е главно прашање на бизнис, за лудата стара баба Европа, тоа е дел од нејзините неонацистички идеи, кои се штетни за сопствените граѓани, нагласи заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Новиот трговски договор меѓу САД и Европската Унија оди во корист на Вашингтон и е целосно понижувачки за Европејците, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, објави руската новинска агенција ТАСС.

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја прегази Европа. Новиот ‘договор’ со Европската Унија е: целосно понижувачки за Европејците бидејќи ѝ служи само на Америка, оставајќи го европскиот пазар незаштитен и укинувајќи ги царините на американските производи; создава огромни дополнителни трошоци за индустријата и за земјоделството во многу земји на ЕУ поради потребата да се плаќа за скапа американска енергија; а и пренасочува огромни инвестиции од Европа кон САД“, напиша Медведев на Телеграм.

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност истакна дека може само да се сочувствува со обичните Европејци.

„Тие веројатно треба веќе да маршираат кон Брисел за да ги обесат сите еврокомесари, вклучувајќи ја и лудата стара вештерка Урсула (фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија). Нема да помогне многу, но барем ќе биде забавно“, додаде тој.

Медведев забележа дека иако Трамп бил непостојан во своите изјави и потези, во едно бил доста доследен, „агресивно ги промовира економските интереси на својата земја.“

„Конечно, договорот е очигледно насочен против Русија, бидејќи забранува купување руска нафта и гас. Сепак, додека за Трамп тоа е главно прашање на бизнис, за лудата стара баба Европа, тоа е дел од нејзините неонацистички идеи, кои се штетни за сопствените граѓани“, нагласи Медведев.

Трамп, по средбата со Фон дер Лајен во неделата, објави дека САД и ЕУ се договориле за царина од 15% на европскиот извоз во Америка, додека, пак, ЕУ нема да воведе никакви царини за американските производи. Трамп го нарече договорот со ЕУ „најголемата зделка досега“. Претходно, американската администрација најави планови за воведување 30% царина на целиот увоз од ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…

Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…

Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…

Брисел подготвува нови 1.600 санкции против Русија

Европската Унија подготвува нов, голем список на…

Русија најавува масовни напади врз енергетската инфраструктура…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека подготвува…

Русија губи 6.000 војници месечно повеќе во…

Месечните загуби на Русија во Украина го…