Европската унија планира нов пакет санкции против Русија

t

Европската унија ќе воведе скромен пакет санкции против Москва на двегодишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, дознава Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.

Пакетот ќе вклучува санкции против десетици поединци и компании, како и мал број мерки насочени кон континуиран пристап на Русија до технологијата од Запад, и покрај наметнатите санкции кон неа.

Блумберг наведува дека се подготвуваат нови рестриктивни мерки на полето на економијата, но дека најверојатно нема да завршат до 24 февруари.

Мал број земји-членки на ЕУ бараат проширување на санкциите за нуклеарната индустрија, течниот природен гас и металите, но некои од овие мерки се отпорни од другите членки долго време, додава агенцијата.

Доколку се воведат нови санкции, тоа би бил 13-ти пакет рестриктивни мерки од почетокот на војната во Украина на 24 февруари 2022 година, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија и Мароко распоредуваат дополнителни сили на…

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници…

За една недела: Казнети 1.576 возачи за…

Вкупно 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на…

После 33 часа работа на терен на…

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, со целокупниот…

ЕУ од суфицит премина во дефицит, трговскиот…

Европската унија го заврши првото полугодие од…

Дубровник им нуди на младите 45.000 евра…

Хрватскиот град Дубровник денеска објави јавен повик…