Европскиот парламент го осуди говорот на Орбан за мешање на расите
Европскиот парламент денеска ги критикуваше изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан за „мешање на расите”.
„Ние, лидерите на политичките групи во Европскиот парламент, силно ги осудуваме неодамнешните отворено расистички изјави на премиерот Орбан дека не сака ‘луѓе од мешана раса’”, се вели во соопштението.
„Ваквите неприфатливи изјави, кои јасно ги нарушуваат нашите вредности содржани во европските договори, немаат место во нашите општества”, додава ЕП.
За време на говорот во Романија минатата недела, Орбан рече дека „постои свет во кој Европејците се мешаат со луѓе кои пристигнуваат” надвор од континентот, што е „свет на мешани раси”.
Од друга страна, продолжи Орбан, „тука е Карпатскиот басен каде Европејците како Унгарците, Романците и Словаците се мешаат меѓу себе”. „Подготвени сме да се мешаме, но не сакаме да станеме мешана раса”, рече Орбан.
Во четвртокот унгарскиот премиер во Австрија негираше дека е расист.
„Понекогаш се случува да ги формулирам своите изјави на таков начин што тие се погрешно разбрани”, рече тој за својот говор пред унгарското малцинство во Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчките фармери денес на протест пред Парламентот
Фермери од цела Грција ќе се соберат…
(Видео) Тепачка во албанскиот парламент
На денешната пленарна седница на Албанското собрание,…
Парламентот на Република Српска ја назначи Ана…
Парламентот на Република Српска за привремен претседател…
Дојава за бомба во косовскиот парламент, сите…
Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана…
(Видео) Тепачки и димни бомби во српскиот…
Жесток хаос во моментов владее во Собранието…