Европски парламент нѐ нарече „северномакeдонци“, МНР вели било грешка

t

Министерството за надворешни работи соопшти дека реагирало до Европскиот парламент за употребата на придавката „северномакедонски“ и дека грешката е веќе отстранета од веб страницата на Европарламентот.

– Министерството за надворешни работи на Република Македонија континуирано укажува на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш корегирана, посочуваат од МНР.

На веб страницата на Европскиот парламент, вчера, беше објавен документ во кој се анализира евроинтегративен пат на Македонија и Договорот од Преспа, а владата е наречена „северномакедонска“.

Согласно Преспанскиот договор, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции треба да биде во согласност со официјалното име на државата, „на Република Македонија“ односно нејзиното скратено „на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…

Мицкоски: Македонија е на иста маса со…

Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…

Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…