Егзодус: 164 основци и 18 средношколци се отселиле од Куманово од почетокот на учебната година

t

Од почетокот на учебната година, заклучно со денеска, од кумановските основни училишта се отпишале 201 ученик и 34 од средните училишта, соопштија денеска од општинскиот сектор за образование. Во кумановските основни има вкупно 10 097 ученици и 4126 во средните.

– Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта, со состојба до 2.02. 2023 година, се отпишани вкупно 201 ученик од вкупно 10 097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Македонија, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Во учебната 2022/2023 година во општинските средни училишта, со состојба до 2.02.2023 година, се отпишани вкупно 34 ученик од 4126 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 16 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Македонија, а 18 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, информираат од секторот.

Лани, состојбата била уште полоша покажуваат од секторот. Од основните се отпишале 220 ученика, од средните 60. Куманово сепак е најголема општина па во училиштата тогаш имало над 10 000 основци и скоро 4500 средношколци.

– Согласно добиените информации од основни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во општинските основни училишта се отпишани вкупно 220 ученици од вкупно 10 209 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 65 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Македонија, а 155 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Согласно добиените информации од средни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во четирите општински средни училишта се отпишани вкупно 60 ученици од вкупно 4423 запишани ученици. Од отпишаните ученици, шест ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Македонија, а 54 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, велат од секторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за убиство во Куманово: Го прободел…

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35)…

Претрес на МВР во Куманово: Пронајден кокаин,…

На 02.02.2023 во 19.45 часот, полициски службеници…

Жена физички нападната во Куманово

На 30.12.2022 во 19:10 часот В.К.(54) од…

Суспендиран полицаецот кој учествуваше во хулиганската група…

Алсат официјално дознава дека полицаецот вклучен во…

Димитриевски бара одговор од Спасовски, Ковачевски и…

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на Фејсбук…