Објавено на:

Египетските археолози бараат Британија да го врати каменот од Розета!

t

Египетските археолози бараат Британија да го врати каменот од Розета – симбол на културниот империјализам.

Истакнати египетски археолози го повторија барањето Каменот од Розета од Британскиот музеј да се врати во Египет, 200 години откако дешифрирањето на плочата ги откри тајните на хиероглифското писмо и го означи раѓањето на египтологијата.

Онлајн кампањата на археолозите досега има собрано 2.500 потписи и има за цел „да им каже на Египќаните што им е одземено“, изјави Моника Хана, вршител на должноста декан на Колеџот за археологија во египетскиот град Асван.

„Каменот од Розета е симбол на културно насилство, каменот е симбол на културниот империјализам. Враќањето на каменот е симбол на менување на нештата – дека повеќе не сме во 19 век и дека треба да работиме со етичкиот кодекс на 21 век“, рече Хана.

Портпаролот на Британскиот музеј изјави дека немало формално барање од египетската влада за враќање на Каменот од Розета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итен прекин на огнот! Путин и претседателот…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…

Египет ќе ја отвори границата за хуманитарна…

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри…

Во Египет собир на приврзаници на Сиси…

Неколку илјади приврзаници на египетскиот претседател Абдел…

Египет: Дедоларизација е заедничка цел на БРИКС

Заменик-претседателот на Комитетот за економски прашања на…

Египетските археолози бараат Британија да го врати…

Египетските археолози бараат Британија да го врати…