Објавено на:

Египет го проширува Суецкиот канал: Целта е да се олесни двонасочниот сообраќај

t

Египет планира да го прошири Суецкиот канал за да овозможи двонасочен сообраќај по еден од најпрометните водни патишта во светот.
Ова го соопшти претседателот на Управниот одбор на Суецкиот канал, Осама Раби.


„Би било прескапо да се прошири целиот канал долг 190 километри што ги поврзува Црвеното Море и Средоземното Море, но делот што овозможува двонасочен сообраќај треба да се прошири од сегашните 75 на 85 километри“, објасни Раби.


Да потсетиме, светскиот поморски сообраќај беше значително отежнат во март минатата година, откако големиот контејнерски брод „Еверџивен“ се заглави преку каналот, блокирајќи ја клучната поморска рута меѓу Европа и Азија.


Планираното проширување по таа криза беше забрзано, рече Раби, иако целта на работите е да се подобри безбедноста во сообраќајот, па и по нивното завршување поминувањето низ Суецкиот канал ќе продолжи 11 часа, објави порталот „Сеебиз“.


Втората фаза ќе опфати проширување на каналот за 30 километри до јужниот влез за 40 метри и негово продлабочување за околу два метри. Токму на тој дел од каналот Еверџивен се заглави.
„Тоа е тежок дел од каналот“, рече Раби, додавајќи дека кривините во каналот ќе се израмнат и ќе се намали влијанието на јужните ветрови.


Проектот ќе чини три милијарди египетски фунти или околу 191 милион долари, а ќе биде завршен и отворен до крајот на јуни 2023 година, рече Раби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итен прекин на огнот! Путин и претседателот…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…

Египет ќе ја отвори границата за хуманитарна…

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри…

Тело на маж пронајдено во автомобил во…

Мртов маж бил пронајден во автомобил, кој…

Во Египет собир на приврзаници на Сиси…

Неколку илјади приврзаници на египетскиот претседател Абдел…