ЕДЕН МЕСЕЦ ПО СМРТТА НА ШЕФОТ НА ВАГНЕР: Вдовицата на Пригожин го сменила презимето!
Вдовицата на Евгениј Пригожин, поранешниот шеф на руската платеничка група Вагнер кој минатиот месец загина во авионската несреќа во Русија, официјално го сменила презимето.
Рускиот медиум Фонтанка објави дека вдовицата на Пригожин сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева. Нема информации кога е сменето презимето. Фонтанка наведува дека тоа е всушност моминското презиме на вдовицата на Пригожин.
Поранешниот водач на Вагнер со Љубов има три деца, еден син и две ќерки, но не се знае дали и тие го смениле презимето. Вдовицата на Пригожин по професија е фармацевтка, но се занимава со бизнис.
Таа управува со компанијата Agat LLC, подружница на Concord Management and Consulting LLC, компанија која беше во сопственост на поранешниот шеф на Вагнер.
На 23 август годинава Пригожин загина во авионска несреќа во Тверската област во Русија. Во несреќата смртно настрадаа сите 10 патници во авионот
Два месеци пред падот на авионот, Пригожин започна краткотраен бунт против режимот на Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Македонски научници меѓу светските највлијателни: 11 истражувачи…
Љупчо Коцарев, Кимет Јусуфи и Веланд Рамадани…
Денес се празнува Свети Иларион Мегленски
Роден е од угледни и побожни родители.…
Носете си чадор: И денес дожд со…
Облачно со повремени врнежи од дожд кои…
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…