Еден од уапсените во “Синџир” извлекол речиси 15 милиони денари од Општина Охрид!

t

Акцијата, како што соопштија од ОЈОГОКК е резултат на четиримесечна истрага, а во неа се осомничени 26 физички и 28 правни лица од Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид и Скопје.

Осомничените се товарат за сторени кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување и перење на пари и други приноси од казниво дело со кои го оштетиле Буџетот на Република Македонија за речиси ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА.

Обвинителството побарало определување на мерка притвор за 14 лица, од кои за едно лице е побарана мерка куќен притвор. За 12 осомничени се побарани други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Шест физички лица се недостапни за органите на прогонот, односно се во бегство.

Дополнително е побарано привремена забрана за отуѓување на движен имот на пет физички и седум правни лица.

Согласно Кривичниот законик за за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна.

За кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. И за ова и за претходното кривично дело се предвидени дополнителни парични казни за правните лица.

За делото злосторничко здружување, е предвидена казна затвор до три години, во зависност од целта поради која е создадо злосторничкото здружување, односно за кое дело се товари. Санкцијата за ова кривично дело беше намалена од десет на максимални три години со последните измени на Кривичниот законик.

Приведениот од Охрид во акцијата “Синџир” на ОЈОГОКК неофицијално е роднина на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој неодамна беше ставен на црната листа на САД, дознава Инфомакс.

Според Инфомакс, приведениот со иницијали У.В е сопственик на фирмата “Класик компани”, која работи на ископи, превоз на патници, градежништво и на автопатот Кичево-Охрид.

Инаку на сајтот за јавни набавки, проверивме какви тендери добивала оваа компанија и како што можеме да забележиме најголем дел од тендерите се добиени од Општина Охрид и јавните претпријатија од Охрид.

Во продолжение неколку од тендерите кои ги добила компанијата:

Договор за Набавка на градежни материјали меѓу Класик компани и Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, склучен на ден 03.08.2023, во вредност од 60.250,80ден..

Договор за Набавка на градежни материјали меѓу Класик компани и Акционерско друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, склучен на ден 03.08.2023 во вредност од 4.345.137,60ден.

Договор за Реконструкција и поплочување на тротоар со хортикултурно уредување на дел од улиците:Димитар Влахов, меѓу Класик компани и Општина Охрид склучен на ден 31.05.2023, во вредност од 3.334.503,00ден.

Во продолжение повеќе тендери кои компанијата ги добила од Општината Охрид и јавните претпријатија на Општината Охрид.

Вкупната сума која оваа компанија ја добила од Општината Охрид и јавните претпријатија на Охрид, чиј сопственик неофицијално е приведен во денешната акција на ОЈОГОКК, изнесува 14.784.141 денар.

Акцијата “Синџир” како што соопштија од ОЈОГОКК е резултат на четиримесечна истрага, а во неа се осомничени 26 физички и 28 правни лица од Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид и Скопје.

Осомничените се товарат за сторени кривични дела злосторничко здружување, даночно затајување и перење на пари и други приноси од казниво дело со кои го оштетиле Буџетот на Република Македонија за речиси ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА.

Обвинителството побарало определување на мерка притвор за 14 лица, од кои за едно лице е побарана мерка куќен притвор. За 12 осомничени се побарани други мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска на обвинетите да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Шест физички лица се недостапни за органите на прогонот, односно се во бегство.

Дополнително е побарано привремена забрана за отуѓување на движен имот на пет физички и седум правни лица.

Согласно Кривичниот законик за за кривичното дело Даночно затајување од чл.279 доколу износот на обврската е значителен, сторителот ќе се казни со казна затвор од една до десет години и со парична казна.

За кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 согласно Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години. И за ова и за претходното кривично дело се предвидени дополнителни парични казни за правните лица.

За делото злосторничко здружување, е предвидена казна затвор до три години, во зависност од целта поради која е создадо злосторничкото здружување, односно за кое дело се товари. Санкцијата за ова кривично дело беше намалена од десет на максимални три години со последните измени на Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН ПРИВЕДЕН ВО КОСОВО: Била распишана…

Во Косово е приведен државјанин на Република…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска…

Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…