Една година од трагичната несреќа во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани: Истрагата сè уште не е завршена!

t

Денеска се одбележува точно една година од несреќата во која трагично загинаа 45 патници, во најголем дел македонски државјани, кои патуваа со автобус на „Беса транс“ што изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, близу Перник. Спасени беа седум лица, а беа сместени во медицинскиот центар „Пирогов“ во Софија.

Истрагата за несреќата не е завршена во Бугарија. Се чекаат одговори од македонското обвинителство, иако истрагата првично покажала дека автобусот се движел со поголема брзина од дозволената, удрил во заштитната ограда, а потоа се запалил.

Болка, тага и тивки улици … ваква е сликата во скопско Студеничани кое по една година се сеќава на страшната трагедија кога на автопатот Струма во Бугарија изгуби најголем број жители од 45-те загинати патници во автобусот на смртта.

Болни се сеќавања, а раните никогаш нема да зараснат, велат роднините на жртвите кои на кобниот 23 ноември лани заминаа на пат од кој не се вратија.

Ниту една судска пресуда нема да ни ги врати назад. Жителите на скопско Студеничани револтирани пред камерата на Сител велат дека државата нема механизам да се справи со вакви случаи. Не веруваат ниту дека воопшто ќе се најде виновникот за загубените животи.

Ниту по една година истрагата на бугарските власти се уште не е завршена. Семејставата на настраданите не се задоволни од извештајот на бугарското обвинителство кое утврди дека станувало збор за човечка грешка. Главниот виновник според нив е возачот на автобусот кој изгубил контрола врз автобусот и возел брзо, несоодветно за патот.

Пет семејства на загинатите преку адвокатски тим од Бугарија веќе ја оспорија истрагата на тамошните институции.

А по цела година од трагедијата пред една недела почна судското рочиште на кое на обвинителна клупа седнаа првите луѓе на Компанијата превозник БЕСА Транс. Иако компанијата поседувала лиценца за меѓународен превоз, автобусот кој изгоре на автопатот Струма 20 пати ги поминал државните граници без извод од лиценцата за превоз на патници. На почетокот на судењето, сопственикот Беким Хаџиу и претставникот на Беса Транс, негираа дека го фалсификувале документот, па не чувствувале и ниту вина.

За еден месец од сега претставници од Царина треба да дадат свој исказ во судот за тоа кој дозволил автобусот да излегува од државата без соодветни документи. Автобусот на „Беса Транс“ кој од викенд тура во Истанбул се враќаше кон Скопје утрото во 3 часот на 23 ноември најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Од вкупно 52 патници успеаа да се спасат само седум лица, а меѓу 45-те загинати имаше и 12 деца.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…

И покрај законските гаранции за еднаква плата…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…