Едно лице тешко повредено во сообраќајна несреќа кај ГП „Деве Баир“
На магистралниот пат Граничен премин „Деве Баир“ вчера попладне се случила сообраќајна несреќа во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во болница, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-На 13.01.2024 околу 15.40 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин „Деве Баир“ – Крива Паланка, се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „рено“ управувано од Т.М.(34) од Крива Паланка, со регистарски ознаки од Крива Паланка удрило во Д.М.(49) од с. Дурачка Река, Крива Паланка, а потоа во запрено товарно моторно возило „мицубиши“, сопственост на ЈП за Комунални услуги-Комуналец Крива Паланка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…