Експертите не се оптимисти за раст на БДП од 3,8%: Има потфрлање во капиталните инвестиции

t

Предлог- буџетот за наредната година е традиционално за покривање на државните трошоци и заштита на животниот стандард. Но, проектираниот раст на БДП од 3,8 проценти во вакви геополитички случувања е тешко остварлив. Ова се првичните коментари на експертите за државната каса која следната година ќе биде тешка над 6,73 милијарди евра.

-Јас не сум преголем оптимиста дека ќе успееме да ја реализираме, иако навистина таа стапка реално е остварлива доколку биде ставен во функција полниот капацитет на администрацијата и се задржи фокусот на капиталните проекти кои можат да генерираат таков раст, вели Зоран Ивановски, универзитетски професор.

-Ова е буџет на стабилност, континуитет и реалност, според мене, а има и простор за критики секако. И создава една основа за посилен инвестициски циклус во 2027 и довербата во однос на меѓународните партнер, вели Синиша Наумоски, универзитетски професор.

Велат – немаме капацитет за реализација на капиталните инвестиции. Препорачуваат за раст и развој државата да создаде амбиент за раст на приватните инвестиции.

-Останува дилемата дали истото и ќе се реализира во пракса имајќи во предвид слабата кондиција особено на градежната оператива, а и би рекол и капацитетот на јавната администрација истите да ги реализира. И секоја година заради тоа традиционално имаме релативно скромни стапки на остварување на капиталните инвестиции, вели Зоран Ивановски, универзитетски професор.

-Да, има и потфрлање во однос на капиталните инвестиции. Јас често во јавноста говорам, еве и сега е најавено, некаде намалени капитални инвестиции за околу 650 милиони евра. И тука се поставува исто така предизвик и за оваа нова 2026 година во однос на исполнувањето на капиталните инвестиции. Тоа во континуитет наназад се случува често, вели Синиша Наумоски, универзитетски професор.

Со предлог буџетот- буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од БДП или 637 милиони евра. Капиталните инвестиции се намалени и проектирани на 650 милиони евра. За покривање на долгот, планирано е да се задолжиме околу 1,7 милијарди евра, од кои 950 милиони преку еврообврзница . Проекциите се БДП догодина да порасне 3,8%, а инфлацијата да изнесува 2,5%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гилотина е пронајдена во камион во близина…

Во САД, 35-годишен маж беше уапсен откако…

Комарец бил кобен патник: двајца вработени на…

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт, Германија,…

Француски суд утврди дека радиоактивност е причина…

Француски суд за првпат го призна космичко…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…

Македонија и Србија ќе ги поврзат гасоводите,…

Договорот за реализација на интерконекторскиот гасовод Македонија-Србија…